3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Раст на БДП од 4,3 проценти

Црна Гора: Раст на БДП од 4,3 проценти

parlament-skupstina-crna-gora_660x330

Економијата на Црна Гора оваа година ќе расте по стапка од 4,3 проценти, што е повеќе во однос на растот проектиран со буџетот, покажува владиниот документ за макроекономските и фискални движења.

„Бруто домашниот производ (БДП ) на Црна Гора во оваа година, врз основа на досега достапните информации за туристичката сезона и движењето на другите макроподатоци, ќе порасне 4,3 проценти“, соопшти Министерството за финансии.

Владата со буџетот за оваа година проектирала раст на БДП од 3,5 проценти.

Приходите во буџетот во првите осум месеци од оваа година изнесувале 839,8 милиони евра, и за 2,2 проценти се поголеми во однос на минатата година. Од приходите, сепак, се поголеми расходите кои изнесуваат 934,8 милиони евра.

Во Министерството за финансии, сепак, наведуваат дека до крајот на годината може да се очекува тренд на раст на приходите и дека тие ќе бидат поголеми од планираниот буџет, додека расходите ќе останат на планираното ниво.

„Дефицитот во буџетот за оваа година според досегашните проценки ќе изнесува околу 223,2 милиони евра или 6,2 проценти од проценетиот БДП, што во однос на планот е помалку за 12,6 милиони “, наведуваат во соопштението на Министерството за финансии на Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП