6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија, Македонија и БиХ ќе бараат итна седница на ЦЕФТА ако потрае...

Србија, Македонија и БиХ ќе бараат итна седница на ЦЕФТА ако потрае блокадата на границата

blokada-granica

Доколку блокадата на граничните премини со Хрватска не биде укината, Србија, Македонија и БиХ ќе побараат итна седница на Комитетот на ЦЕФТА, со цел од останатите членки да побараат единствен настап и мерки кон Хрватска.

Ова во петокот изутрината во телефонски разговор го договориле српскиот вицепремиер и министер за трговија Расим Љаиќ, босанскиот вицепремиер и министер за трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ и заменикот министер за економија на Македонија, Христијан Делев.

Тие, како што пренесе Танјуг, разговарале за заеднички настап на трите држави кон блокадата на друмскиот и товарен сообраќа кои со денови ги спроведуваат хрватските власти на граничниот премин Батровци-Бајаково.

Љаиќ, Шаровиќ и Делев се согласиле дека е неопходно Хрватска што поитно да го одблокира преминот Батровци – Бајаково за целокупниот сообраќај, бидејќи покрај Србија, и БиХ и Македонија, голем дел од својот товарен сообраќај го вршат преку овој транзите коридор.

Љаиќ изутрината се состанал и со турскиот амбасадор, Мехмед Кемал Бозај, кој изразил загриженост поради повеќедневата блокада од страна на Хрватска, со оглед дека во колоната долга 20 километри има голем број на турски камиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП