3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференцијата FABOLOUS 2015 обедини светски истражувачи и предавачи

Конференцијата FABOLOUS 2015 обедини светски истражувачи и предавачи

jk

Првата EAI конференција FABOLOUS 2015 ги обедините релевантните истражувачи од широката област на информациско-комуникациските технологии и нивната примена во области, како што се телекомуникациските мрежи од следната генерација, телемедицината, локациски базираните сервиси, интелигентниот транспорт и надминување на дигиталниот јаз.

На конференцијата, која се одржува под покровителство на Европската Алијанса за Иновации(EAI) , присуствуваа проминенти светски предавачи, како што се професор Алберто Леон-Гарсија од Универзитетот во Торонто, професор Вељко Милутиновиќ од Универзитетот во Белград, д-р Токтам Махмуди од Кралскиот колеџ во Лондони професор Луиз Да Силва од Тринитиколеџ Даблин.

Нивните предавања побудија значителен интерес и дискусија кај публиката. Конференцијата, исто така, вклучи повеќе специјални сесии организирани од други еминентни професори од универзитети во Канада, Данска, Италија и Романија.

Конференцијата FABOLOUS 2015 завршува денеска, каде веќе е во тек конференцијата ETAI (Здружение на Македонија за телекомуникации, електроника, автоматизација и информатика).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП