22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит трети ден по ред

Пад на Волстрит трети ден по ред

wallstreet 003

Цените на акциите на Волстрит паднаа во четвртокот трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се безбедни поради нејасната ситуација во глобалната економија и неизвесноста во врска со американската монетарна политика.

Dow Jones ослабна за 78 поени, или 0,48 отсто, на 16.201 поен, додека S&P 500 падна за 0,34 отсто, на 1.932 поени, а Nasdaq се намали за 0,38 отсто, на 4.734 поени.

Шест од 10 сектори на S&P 500 индексот вчера загубија на вредноста, при што здравствениот сектор предничеше со пад од еден отсто.

Индексот на здравствениот сектор паѓа веќе пет дена по ред, исто како и индексот на биотехнолошкиот сектор на Nasdaq, кој вчера се намали за два отсто. Овие сектори се најдоа под притисок откако Хилари Клинтон, претседателски кандидат од Демократската партија, објави план со кој би се сопрело дивеењето на цените на специјалните лекови.

Меѓу најголемите губитници вчера беше и акцијата на Caterpillar, со пад на цената за над 6 отсто, откако најголемиот светски производител на рударска и градежна машинерија најави укинување на 10.000 работни места поради „ предизвикувачките деловни услови во клучните региони во рударскиот и во енергетскиот сектор“.

Поради забавување на растот на глобалната економија слабее побарувачката за сировини, поради што паѓаат и нивните цени. Поради тоа најголемите светски нафтени и рударски компании ги намалуваат инвестициите и ги кастрат трошоците, што негативно влијае на работењето на Caterpillar.

„Вестите од Caterpillar им одмогнаа на берзите бидејќи укажуваат на слабост на светската економија“, вели Јозеф Квинлан, стратег во компанијата U.S. Trust.

Инвеститорите се воздржани и поради тоа што не сакаа да ризикуваат во пресрет на говорот на претседателката на Fed, Џенет Јелен, која минатата недела ги вознемири берзите велејќи дека американската централна банка го одложи зголемувањето на клучните каматни стапки поради несигурноста во врска со состојбата во глобалната економија, особено во кинеската.

Макроекономските извештаи кои беа објавени во текот на вчерашниот ден не импресионираа. Инвестициските планови на американските компании во август благо се намалени, додека барањата за помош на невработени во минатата недела благо се зголемиле. Подобри од очекуваните беа само податоците за продажбата на нови куќи во САД во август.

„Се сомневаме дека Фед ќе има доволно нови информации за да ги зголеми каматите веќе во октомври. Но, очекуваме таков потег во декември бидејќи американската економија е прилично отпорна на  негативните глобални влијание“, вели Џим О’Саливан, економист во компанијата  High Frequency Economics.

И на европските берзи цените на акциите вчера падна. Лондонски FTSE се спушти за 1,17 отсто, на 5.961 поен, одека франкфуртски DAX потона 1,92 отсто, на 9.427 поени, а париски CAC падна за 1,93 отсто, на 4.347 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП