13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструирана улицата што води кон гробиштата во Ѓорче Петров

Реконструирана улицата што води кон гробиштата во Ѓорче Петров

grobista gp ulica

Градежните екипи на АД „Карпош“ ги завршија сите градежни работи на улицата „Црногорска 2“ која води кон ѓорчепетровските гробишта.

Со реконструкцијата улицата е широка шест метри. Во тек е изградба и на тротоари со широчина од 1,5 метри.

Оваа улица е долга 190 метри и е една од најфрекфентните улици во општината.  До сега движењето по истата беше отежнато заради лошата состојба и многуте оштетувања на старата асфалтна подлога. Непостоењето на тротоари исто така претставуваше голем проблем за погребни поворки особено за време на врнежи.

Со реконструкцијата на улицата саниран е и преминот преку железничката пруга која ја дели улицата на половина. Воедно поставено е и улично осветлување кое до сега го немаше. Оваа улица е од проектот „16 нови улици во Ѓорче Петров“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП