28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија, Франција и Обединетото Кралство лобирале за „местење на еко тестовите“

Германија, Франција и Обединетото Кралство лобирале за „местење на еко тестовите“

3878-gasovi-stetni

Германија, Франција и Обединетото Кралство трпат обвинувања за лицемерието откако било откриено дека во заднина лобирале за задржување на старите неефикасни еко тестови на возилата, иако сега јавно бараат европска истрага за скандалот околу криењето и местењето на резултатите со штетните емисии на Volkswagen.

Документите за лобирањето биле дадени на увид во весникот Guardian кој пишува дека наведените земји од Европската комисија(ЕК) побарале да се задржат пропустите во еко тестовите кои ја зголемуваат емисијата на јаглерод диоксид за 14 отсто во однос на јавно признатите.

Лобирањето е спроведено само четири месеци пред избувнувањето на актуелниот скандал, а трите европски земји барале да се продолжи со користењето на старомодниот тест смислен уште во 70-сеттите години на минатиот век, познат како НЕДЦ, наместо новиот ВЛТП што би требало да се применува од 2017 година.

„Недозволиво е владите кои оправдано бараат европска истрага за местењето на еко тестовите на Volkswagen истовремено зад кулисите да лобираат за продолжување на местењето на тестовите“, коментираше за Guardian, Грег Арчер од тинк-тенкот T&E.

T&E тврди дека продолжувањето на користењето на старите тестови резултираше со зголемување на емисијата на CO2 од 110 грама по километар, што е многу повеќе од дозволеното ниво во ЕУ и го зголеми годишниот трошок за гориво за 140 евра.

Германија во лобирањето отишла најдалеку, повикала да се дозволи тестирање на возило по надолнина, а на производителите да им овозможи декларирана емисија од четири отсто пониска од измерената. Франција ги поддржала сите предлози, освен намалувањето на конечниот резултат, пишува Guardian.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП