22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКвиз: Што значат бројките поврзани со овие брендови?

Квиз: Што значат бројките поврзани со овие брендови?

jack-daniels-pixabay

Постојано ги изговараме имињата на брендовите, „7UP“, „Chanel No.5“, „Porsche 911“. Проверете дали можете да погодите што значат овие броеви кои се поврзани со брендовите.

Прашања:

1. Зошто „Chanel No. 5“?

2. Познатиот бренд за сосови „Heinz“ познат е по серијалот „57 varieties“, иако има илјадници различни производи. Зошто?

3. „Porsche 911“ е еден од најпознатите модели на автомобили, но поради што „911“?

4. Зошто „7UP“?

5. Веројатно сте летале со авион од типот „Boing 707“, но зошто овој број?

6. Од каде доаѓа „Jack Daniel’s“ – „Old no.7“?

7. Спрејот „WD-40“ е користен продукт против рѓата. Можете да погодите што значи 40?

8. „538“ е блог и агрегатор на анкетите. Зошто токму овој број?

Oдговори:

1. Коко Шанел го одбрала петтиот мирис кој Ернест Беух го направил за неа. Официјалниот датум кога парфемот е лансиран е 5.5.1921.

2. Затоа што познатиот Хенри Најнц сметал дека 57 е негов среќен број. Иако веќе тогаш на пазарот имало преку 60 негови производи, тој го одбрал токму слоганот „57 varietes“.

3. Oвој модел оргинално требало да се нарекува „Porsche 901“, но од „Peugeot“ инсистирале за промена на името. „Peugeot“ тврдеше дека ги има сите права на сите имиња со троцифрени броеви кои имаат нула во средината. Па „Porsche“ едноставно ја замени нулата со бројот еден.

4. Бритвиц, кој ја дистрибуирал „7UP“ во Велика Бринтанија и Ирска, тврди дека брендот е наречен по седумте главни состојки во овој пијалок. Овој напиток е направен во 1929-та година кога „CL Grigg“ победил на натпреварот за највкусен сок со вкус на лимон во Америка. Oргиналното име било „Bib-label Lithiated Lemon Lime Soda“, но тоа било премногу тешко за изговор.

5. Откако што заврши Втората светска војна, изработката на авиони е поделена по инженерски одделенија – 300 и 400 зa oбични авиони, 500 зa турбински мотори, 600 зa ракети и проектили, a 700 зa транспортни млазни авиони.

6. Тоа само Џек го знае! Пожар го има уништено било кој доказ за да се поврдат различните теории за бројката 7 во името. Некои сметаат дека тоа бил неговиот среќен број, други дека имал седум девојки, а трети дека биле 7 теретни вагони кои го возеле вискито.

7. Спрејот против корозија (Water Displacement 40) е лансиран во педесетите години и користи за заштита на ракетите од рѓа. Името го добил затоа што хемичарите успеале да ја направат формулата од 40-ти пат.

8. „538“ е број на избирачи во изборниот колеџ во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП