22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

Изложба „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

retrospektiva

Изложбата „Ретроспектива“ од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски, ќе биде поставена во петок во целиот слободен простор на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Се работи за мултимедијален проект преку кој ќе бидат презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружно ќе има и видео записи.

Со изложбата „Ретроспектива“ ќе бидат одбележани 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.

Носител на проектот е НУ Музеј за современа уметност во соработка со ЦК „Марко Цепенков“. Автор на проектот, кој е поддржан од Министерството за култура е Марика Бочварова Плавевска, а соработници се Софија Грабулоска, Ива Димовски и Благоја Варошанец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП