20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото поскапува по падот на американските берзи

Златото поскапува по падот на американските берзи

zlato

Цената на златото покажува во четвртокот остар нагорен тренд по падот на американските берзи, што предизвика зголемена побарувачка од страна на вложувачите на сигурни прибежишта за капиталот во услови на нестабилни движења на пазарите на акции.

Според пресекот во 19,45 часот по македонско време во четвртокот, декемврискиот фјучерс на златото на њујоршката берза Comex се зголеми за 22,5 долари, или за 1,99 отсто, на 1.154 долари за унца. Цената на декемврискиот фјучерс за среброто, пак, се зголеми за 2,37 отсто, на 15.14 долари за унца.

Статистичките податоци од САД за нарачките на трајни добра покажаа намалување од 2 отсто во август, што изврши притисок врз американските берзи. Така, на Волстрит во почетокот од тргувањето индексот Dow Jones падна за 1,28 отсто, на 1.6071,98 поени.

Слабата статистика објавена претходно во четвртокот, укажува на зајакнување на доларот, и послабата економска ситуација на странските пазари кои ја поткопуваат побарувачката за производи од САД.

Цената на златото има тенденција на зајакнување во услови на економска несигурноста, бидејќи инвеститорите се стремат да вложат во скапоцени метали, како гаранција дека нема да загубат.

„Истовремено со падот на акциите, дефинитивно постои свртување кон поквалитетните активи, како што се трезорските записи или златото“, вели за The Wall Street Journal, Боб Хаберкорн, вишиот брокер во „RJO Futures“.

Покрај тоа, аналитичарите го истакнуваат зголеменото физичко побарување на драгоцените метали во Индија, по падот на нивните цени во последните три седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП