28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија на сојузните држави ќе им даде 4 милијарди евра за имигрантите

Германија на сојузните држави ќе им даде 4 милијарди евра за имигрантите

imigrantiiii

Германската сојузна влада се согласи на сојузните држави следната година да им исплати 4,1 милијарди евра за помош во згрижување на рекордниот прилив од имигранти и бегалци, изјави во четвртокот претставник на една од 16-те германски сојузни држави.

Канцеларката Ангела Меркел се состана со премиерите на сојузните држави кои со тешки маки се справуваа како да ги прифатат и згрижат големите напливи од баратели на азил коишто според процените, до крајот на 2015 година ќе достигнат меѓу 800.000 и милион луѓе.

Населението на Германија во 2014 година благодарејќи на миграцијата се зголемило за 430.000, најмногу во последните 22 години, па севкупниот број на жители на крајот од минатата година изнесувал 81,1 милиони луѓе, објави Сојузното биро за статистика.

Растот на населението продолжува и оваа година, кога се очекуваат на најмалку 800.000 имигранти, додава ова државно тело и потсетува дека слични бројки се забележани и по 1992 година, кога по војните на територијата од поранешна Југославија во Германија избегале 700.000 луѓе. Претходната 2013 година, бројот на жителите на Германија се зголемил за 244.000 луѓе.

Во минатата година во Германија живееле без германски пасош 7,5 милиони луѓе. Во текот на една година, бројот на странците се зголемил од 8,7 на 9,3 отсто, се додава во извештајот на Сојузното биро за статистика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП