12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар гради парк во Дебар маало

Општина Центар гради парк во Дебар маало

park-debar-maalo

Општина Центар во четвртокот соопшти дека на местото на поранешното “Кино Карпош“,започна со комплетна реконструкција на просторот и поставување на зеленило, на површина од 500 м2.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, вчера присуствуваше на почетокот на формирање на оваа зелена оаза, опкружена со згради. Просторот ќе го красат 15 листопадни, цветни јапонски цреши, со обем на стебло од 12 – 14 см кои, кога цветаат, создаваат спектакуларен пејсаж.

Под дрвјата ќе се засадат зимзелени, колоритни грмушки. Дел од нив, во текот на годината ја менуваат бојата, од светло зелена на пролет и лето, преку шарена во есен, до црвена на зиме.

Покрај ѕидот кој ја оградува парцелата на зградата со локацијата, ќе бидат засадени повисоки зелени грмушки и седум други растенија.

Ќе биде поставен готов тревен бусен, за да се оформи веднаш паркот, како и автоматски систем за наводнување, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП