21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентирани мерки за вработување во Општина Аеродром

Презентирани мерки за вработување во Општина Аеродром

vrabvrab

Работилница, на која беа презентирани активните мерки и програми за вработување наменети за претпријатијата се одржа во четвртокот во просториите на Општина Аеродром.

На презентација беа промовирани позитивните искуства од користењето на достапните мерки и поволности, а се претставија и корисни информации за младите претприемачи.

Целта на ваквите средби покрај мерките за зајакнување на капацитетите на фирмите, е и да се зајакне соработката меѓу локалните бизниси и институциите, се вели во соопштението.

Општина Аеродром во соработка со Локалниот младински совет во иднина секоја недела ќе организира слични настани со цел да им се помогне на малите и средни претпријатија, но и да се поддржат невработените лица за полесно да дојдат до работно место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП