21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатени платите на машиновозачите

Исплатени платите на машиновозачите

vozovi2

Вработените во МЖ Транспорт, денеска ги добија заостанатите плати за два и пол месеци, поточно за јуни, јули и половина за август, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Врз основа на постигнатиот договорот меѓу Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, директорот на МЖ Транспорт АД, Никола Костов и синдикатите кои се вклучија во преговорите, досега исплатена е цела плата за јуни во износ од 43 милиони денари, цела плата за јули во износ од 43 милиони денари и половина плата за август во износ од 22 милиони денари.

Исто така, исплатен е надомест за изминат километар во износ од 5.000.000 денари и награда за професионална извршена работа на 36 вработени во вкупен износ од 510 илјади денари.

Притоа решен е проблемот и со здравственото осигурување, а идната недела вработените ќе ја земат и другата половина од платата за август која е договорена според планот за исплата, а е барање на синдикатите што преговараа.

Дел од вработените поради несиплатените плати штрајкуваа од минатата недела, при што возовите не сообраќаа, освен по три воза од Гевгелија до Табановце, дневно, за превоз на мигрантите кои транзитираат низ земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП