4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСексот не предизвикува срцев удар

Сексот не предизвикува срцев удар

seksot-srcev-udar

Сексуалните активности не предизвикуваат нов срцев удар кај пациентите што веќе еднаш доживеале инфаркт, па заради тоа не треба ни да ги избегнуваат, пишуваат американските медиуми.

Сепак, многуте лекови кои ги заштитуваат болните кои доживеале срцев удар од ризикот да го добијат повторно, вклучувајќи и бетаблокаторите и диуретиците, можат да го зголемат ризикот од еректилна дисфункција.

Текст објавен оваа недела во часописот Journal of the American College od cardiology, објавува студија спроведена врз 536 пациенти кои биле опфатени со рехабилитациската програма по преживеаниот инфаркт. Пациентите даваат податоци за тоа колку често имале сексуални односи пред срцевиот удар, како и за тоа дали биле сексуално активни во тие неколку часа по започнувањето на кардиолошките проблеми.

Оние што претрпеле срцев удар по само еден час од сексуалниот однос биле тројца, околу 0,7 отсто од оние што биле вклучени во истражувањето. Вторите седум, околу 1,5 отсто, рекле дека имале сексуални односи три до пет часа пред срцевиот удар.

„Малку е веројатно дека сексот бил важен иницијатор на миокардот во таа популација“, заклучуваат научниците, чија база е на Универзитетот Улм во Германија.

Тие подолго од десет години следеле колку и кои учесници во истражувањето добиле нов срцев удар. Во истражувањето се наведува дека оние кои биле сексуално активни пред првиот удар, малку е веројатно да добиле втор. Оние срцеви болни кои навеле дека се сексуално активни еднаш или повеќе пати неделно имаат за половина помалку шанси за добивање на нов инфаркт во следните 10 година од оние што имаат односи помалку од еднаш неделно.

Сексуалните активности, напомнуваат авторите, не се особено стресни за срцето. Тие вклучуваат телесен замор грубо спореден со качување два ката по скали или со брзо одење. Сексот е веројатно доста сигурен за преживеаните од инфаркт, заклучува авторот на истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП