ЕКОНОМИЈА

Започна манифестацијата “Денови на медот“ во центарот на Скопје

med manifest

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска ја прогласи за отворена манифестацијата “Денови на медот“.

Општина Центар е домаќин и на оваа, 11-та по ред манифестација. Почесен гостин, овој пат беше амбасадорот на САД, Џес Бејли.

„Оваа значајна манифестација, секоја година станува се по-популарна и позначајна. ’Пчеличките’ од сите градинки на територијата на општина Центар изнудија насмевки на сите нас. Организаторите на манифестацијата беа во сите градинки и на дечињата им говореа за значењето и хранливоста на медот“, рече Жерновски.

Градоначалникот Жерновски и амбасадорот на САД, Бејли, уживаа во настапот на децата од центарските градинки. Дегустираа и ги избраа најдобрите видови на мед.