3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка принудена на потег без преседан

Норвешка принудена на потег без преседан

norveskata 993

Централната банка на Норвешка ја намали референтната каматна стапка на историски минимум, се со цел да се справи со последиците од падот на цената на нафтата, јавува „Блумберг“.

„Каматната стапка на кредитите е намалена за 25 базични поени на 0,75 отсто. Перспективата за раст на норвешката економија се намали, а предвидено е дека инфлацијата дополнително ќе падне“, се наведува во соопштението на Гувернерот на централната банка, Ујстајн Олсен.

По олабавувањето на монетарната политика во јуни, Олсен навести дека постојат 70 проценти шанси за дополнително кратење на каматната стапка на есен.

Од тогаш, цената на нафтата падна за околу 25 отсто, што за околу седум проценти ја намали вредноста на норвешката круна во однос на еврото.

Како што оценува „Блумберг“, колапсот на цената на нафтата веќе го зема данокот во економијата на Норвешка „тешка“ 500 милијарди долари, па така растот на бруто домашниот производ на земјата во вториот квартал се намали за 0,2 проценти, а невработеноста е на највисоко ниво од 2006-та година, поради тоа што нафтените компании укинаа повеќе од 20.000 работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП