13 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЌе се пее на „Ѕвезденото небо на Тоше“

Ќе се пее на „Ѕвезденото небо на Тоше“

toska 333

На 5-ти октомври 2015-та година, со почеток во 19.30 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.

Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да слушнеме и досега необјавена песна на Тоше Проески.

Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо“ во негова чест.

Фановите остануваат доследни на одбележувањето на овој настан и по осум години откако Тоше Проески го одржа последниот концерт во Скопје токму на овој датум.

Од фан-клубот на Тоше Проески во Македонија ги повикуваат сите заедно уште еднаш да доκажеме деκа неговите песни и дела ниκогаш нема да згаснат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП