13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHaribo ја загуби битката, мечињата на Lindt&Sprungli не се копија

Haribo ја загуби битката, мечињата на Lindt&Sprungli не се копија

_85708480_bb004762-2aa5-42c5-9ce0-d00aed18c9aa

Германскиот сојузен суд за правда ја отфрли тужбата на домашната компанија „Haribo“ која веќе со години води спор против швајцарскиот кондиторски производител „Lindt&Sprungli“.

Германскиот „Haribo“ води спор поради наводното копирање на неговите гумени мечиња.

Чоколатцата на „Lindt“ обликувани како мечиња, во златна фолија, со црвен шал околу вратот, не претставуваат ниту обид за копирање на златното мече, кое е заштитна марка на „Haribo“ ниту незаконска имитација на неговите гумени производи, наведе судот во соопштението, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Оваа правна битка е започната на крајот на 2012 година.

Чоколадото на „Lindt“ дизајнирано како златно мече, под називот „Lindt Teddy“, на германскиот пазар се појави есента 2012 година, во пресрет на прославата на Божиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП