26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАVolkswagen може да и создаде повеќе главоболки на Германија од грчката криза

Volkswagen може да и создаде повеќе главоболки на Германија од грчката криза

german vw

„Volkswagen“ e во состојба да создаде повеќе ризици за германската економија, отколку грчката криза, пишува „Ројтерс“ во својата анализа на ситуацијата.

Компанијата е една од најголемите работодавци во земјата со своите над 270 илјади вработени, а има и илјадници подизведувачи.

Засега цената на скандалот ја плати извршниот директор Мартин Винтеркорн. Тој вчера поднесе оставка, а аналитичарите почнаа да ги пресметуваат варијантите за компанијата.

„Ако продажбата на „Volkswagen“ во Северна Америка се намали во наредните месеци, тоа ќе има влијание не само врз компанијата, туку и на германската економија како целина“, коментира Карстен Бржески од „ING“.

„Volkswagen“ продава околу 600 илјади автомобили во САД или околу 6% од светската продажба.

Скандалот кој ја потресе компанијата, беше предизвикан од откривањето на измамата со специјалениот софтвер кој ги прикриваа реалните емисии на штетните гасови, исфрлени од дизел моторите на „Volkswagen“. Тоа може да ја чини глоба од 18 милијарди долари наметната од американската Агенција за заштита на животната средина.

german vw1

Но, дури и германскиот гигант да успее да ја покрие оваа „жестока“ казна, тогаш неминовно е на виделина да излегуваат стравувањата за масовно намалување на работните места, за да се покрие финансиската дупка.

Германската економија, која е и најголемата во Европа, веќе ги доживува и ефектите од забавениот економски развој на Кина и ако и автомобилската индустрија се намали, за Берлин ќе стане многу тешко да ги оствари своите планови за економска експанзија од 1,8% во оваа година.

Автомобилската индустрија е во основата на германската економија. Во 2014-та година во неа се вработени 775 илјади луѓе или 2% од целата работна сила на земјата. Таа е и еден од најпрофитабилните извозни сектори, а минатата година автомобилските компании изнеле продукција од 200 милијарди евра, или речиси 1/5 од вредноста на целиот германски извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП