17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Хрватска расте 58 евра во секунда

Јавниот долг на Хрватска расте 58 евра во секунда

zagreb12

Јавниот долг на Хрватска расте за 443,66 куни (58 евра) во секунда и до крајот на оваа година би можел да достигне критична точка од 90 проценти од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците на првото издание на „Бројач на јавниот долг“, кој го креираше хрватското Здружение на даночни обврзници, Липа.

„Последните три хрватски Влади го зголемиле јавниот долг два ипол пати, од 122 милијарди куни (околу 16 милијарди евра) на речиси 290 милијарди куни (38 милијарди евра), изјави претседателот на Липа, Давор Хурич.

Тој наведе дека секој жител на Хрватска е задолжен со повеќе од 67 илјади куни, а секое вработено лице со 187 илјади куни, истакнувајќи дека таквата состојба е на границата на одржливоста и голем предизвик за макроекономската стабилност.

Со цел и хрватските граѓани да можат да го следат растот на долгот, во Загреб ќе бидат поставени пет Led екрани на различни локации на кои ќе се прикажува состојбата на државниот долг од секунда во секунда, изјави Хурич, додавајќи дека овие информации ќе бидат постојано достапни и на интернет.

Покрај вкупниот долг, граѓаните ќе можат да ја видат и пресметката за тоа колку должи секој граѓанин одделно и секој вработен човек во Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП