17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон ја превзема „круната“ од Њујорк

Лондон ја превзема „круната“ од Њујорк

london_city222

Лондон ја врати „титулата“ водечки светски финансиски центар, користејќи ја победата на Конзервативната партија, па со тоа го претекна Њујорк на лидерската позиција.

Врз основа на „онлајн“ анкета, спроведена меѓу повеќе од 2.000 индустриски работници, направена е ранг листа од 84 градови ширум светот во поглед на бизнис средината, инфраструктурата, квалитетот на работната сила и развојот на финансискиот сектор, пренесува „Reuters“.

Лондон, кој седум години по ред беше на челната позиција според анкетата која се спроведува двапати годишно, лани го изгуби првото место од Њујорк.

Изненадувачката изборна победа на Конзервативната партија на општите избори во мај му помогна на Лондон овој пат да го престигне Њујорк, покажа истражувањето на компанијата „Z/Yen“, која ги објави резултатите.

Британската престолнина беше најдобра во секоја поединечна категорија според ова истражување, а зад второпласираниот Њујорк, следуваат Хонг Конг, Сингапур и Токио.

Торонто, Сан Франциско и Вашингтон ДЦ исто така се меѓу топ 10.

Единствениот втор европски град меѓу рангираните 10 светски водечки финансиски центри е Цирих, додека Франкфурт, вториот најдобро котиран град од Европската унија ја зазема 14-тата позиција.

Извршниот директор на лоби групата „The City UK“, Крис Каминг смета дека успешно извршените преговори за британските односи со блок земји за „единствената валута“ беше од „клучно“ значење за одржување на растот на нејзината финансиска индустрија, која што често се опишува како светска „капија“ за Европа.

„Лондон се соочува со големи предизвици од другите постоечки центри, не само Њујорк или Сингапур, туки и финансиските центри кои се во пораст во Азија, на Блискиот исток и Африка. Сепак, иднината во односите меѓу Британија и ЕУ, без сомневање и натаму е најважно прашање“, наведува Каминг во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП