17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИнфоден за програмите на ЕУ во Порта Македонија

Инфоден за програмите на ЕУ во Порта Македонија

порта-македонија

„Инфоден за програмите на Унијата: Креативна Европа, Европа за граѓаните и Хоризонт 2020“ и „Работилница за Креативна Европа – Потпрограма Култура (Категорија – Проекти за соработка )“, ќе се одржат во четврток во Порта Македонија.

На настанот ќе бидат претставени структурата и критериумите на програмите на Унијата: „Европа за граѓаните“ и „Хоризонт 2020“ со цел организациите од повеќе сектори, меѓу кои и културните и креативните сектори во РМ, да се запознаат со други можности за подготовка на европски проекти.

Инфо-денот е наменет за претставниците од културниот сектор (владини и невладини организации од областа на културата), приватните организации, образовните и научните установи, претставниците на општините, локалните институции од областа на културата и други потенцијални квалификувани корисници.

Покрај информативните презентации за трите програми на Унијата, во рамките на настанот ќе се одржи „Работилница за категоријата – Проекти за соработка на потпрограмата култура“, на која детално ќе бидат разгледани електронската апликација, буџетскиот формулар и останатата пропратна документација. Крајниот рок за доставување на апликациите за ова категорија на проекти е 7 октомври 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП