18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланински маратон „По стапките на Крали Mарко“ викендов во Прилеп

Планински маратон „По стапките на Крали Mарко“ викендов во Прилеп

planinski-maraton

Меѓународниот планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“ – Krali Marko Trails ќе се одржи во сабота и недела, со почеток во 8 часот во околината на Прилеп.

Оваа година има предвидено 3 патеки, со должини од 65 км., 31 км. и 16 км. Двете подолги трки, оние од 65 км. и 31 км. ќе се одржат во сабота. Поаѓањето е од амфитеатарот во населбата Варош од каде се тргнува за Трескавец, потоа се оди кон село Дабница, Прилепското езеро, потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Потоа учесниците слегуваат кон село Крстец, манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп. Ова се точките кои треба да се поминат доколку учествувате на најдолгата патека од 65 км.

„Пријавени се за учество 170 луѓе, од 7 различни држави : Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД и Британија. Ги покануваме сите заинтересирани да дојдат и овој викенд да се приклучат на настанот. Инаку ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки, и секој кој ќе ја заврши добива 2 поени. За да учествуваш на било која друга ваква планинска светска трка треба да имаш собрано поени“, истакна Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон Krali Marko Trails.

На двете големи трки може да учествуваат сите со возраст од 16 години па нагоре. За оние од 16 до 18 години потребна е согласност и на родителите, а за помалата трка која ќе биде во неделата, чија должина изнесува 16 км. може да учествува секој со возраст од 12 години па нагоре. Најмалиот учесник оваа година кој е пријавен има 13 години.

„Покрај ултра маратонот Прилеп има неколку екстремни спортови кои ги негува во последните неколку години. Секоја година имаме се повеќе учесници од странство, а тоа придонесува за развојот на тој т.н. алтернативен или спортски туризам. Покрај ултра планинскиот маратон имаме и болдеринг, светски куп во параглајдинг и секако мото крос трката која не очекува кон крајот на овој месец“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Победниците на овие трки ќе добијат медаљи, плакета и спортска опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП