7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМаџиров на поетски фестивали во Романија

Маџиров на поетски фестивали во Романија

madzirov

Македонскиот поет, есеист и преведувач Никола Маџиров ќе чита на отворањето на меѓународниот фестивал „Поети во Трансилванија” што се одржува во романскиот град Сибиу, кој беше Eвропска престолнина на културата во 2007 година.

На фестивалот учествуваат и автори од Ирска, Белгија, САД, Шведска, Велика Британија и Полска.

Пред овој настан, Маџиров учествуваше и на меѓународниот фестивал „Михаи Еминеску” во Крајова во Романија, а потоа ќе следува и претставување на неговата поезија во Букурешт.

Поезијата на Никола Маџиров беше објавена во превод на романски јазик од Дениса Дуран и Јоана Јероним, во повеќе списанија во Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП