28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенералниот директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн порнесе оставка-шокиран од скандалот

Генералниот директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн порнесе оставка-шокиран од скандалот

mw

Генералниот директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн порнесе оставка поради манипулациите со тестовите за дизел автомобилите на пазарот во САД, наведувајќи дека „е шокиран од случувањата во изминатите денови“.

„Ова го правам во интерес на компанијата иако не бев свесен за било какви лоши постапки од моја страна“, се наведува во изјавата на Винтеркорн.

„Со својата оставка отворам пат за нов почеток“, заклучи  Винтеркорн.

Германските обвинители покренаа денеска прелиминарна кривична пријава поради скандалот со лажирање на податоци за емисијата на штетни гасови во која е вмешана германската автомобилска компанија.

„Во врска со тврдењата дека во дизел автомобилите на VW имало манипулации со емисијата на штетни гасови, државните обвинители ја разгледуваат можноста за покренување на истрагата против раководството на Volkswagen“, се вели во соопштението на обвинителството.

Истовремено германската влада порача дека автомобилската индустрија останува важен столб на економијата на Германија, и покрај продлабочувањето на кризата со Volkswagen.

Одредени економисти веќе почнаа да изразуваат загриженост во врска со последиците кои овој скандал ќе ги има по економскиот раст на Германија.

„Актуелната бегалска криза и сега шокот со Volkswagen претставуваат нови ризици за германската економија“, изјави главниот економист на банката ING, Карстен Брзески.

VW вчера призна дека 11 милиони негови дизел возила во светот се опремени со уреди кои можат да ги лажираат податоците за загадување на воздухот и соопшти дека ќе издвои 6,5 милијарди евра за третиот квартал  поради покривање на трошоците произлезени од овој скандал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП