8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК донесе одлуки против 19 држави членки поради азилот

ЕК донесе одлуки против 19 држави членки поради азилот

azilanti 993

Европската комисија денеска донесе 40 одлуки во врската со постапките против 19 земји членки на Европската унија поради пропусти во спроведувањето на законот за заедничкиот европски систем за азил.

Деветнаесетте земји членки добиле писма со формално предупредување поради пропустите во транспонирањето на директивите за условите за прифаќање на лицата коишто бараат азил. Со таа директива се дефинираат минималните заеднички стандарди за хумано прифаќање на лицата кои бараат азил, како што се згрижување во засолништа, обезбедување храна и здравствена заштита.

Меѓу 19-те земји членки се Грција, Италија и Унгарија, меѓутоа Грција е посебно апострофирана поради кршењето на некои директиви за азилот и условите за прифаќање на барателите на азил, и доби дополнително писмено предупредување.

Европската комисија и испрати на Бугарија и на Шпанија образложено мислење поради тоа што пропуштиле да ја известат Комисијата за националните мерки кои биле должни да ги внесат во своето законодавство од европската директива, со која се усогласуваат минимум стандардите со коишто се дефинира правото на меѓународна заштита на државјаните на трети земји и лицата без државјанство.

Писмо со формално предупредување е испратено на 18 држави членки на Европската унија поради пропустот во пренесување во националните законодавства директивите за постапките за азил. Со таа директива се дефинира заедничката постапка за одобрување и одземање на правото за постапката при поднесувањето барање за азил.

„Солидарноста и одговорноста се две страни од ист медал. Челниците на ЕУ на својот вонреден самит во април повикаа на брзо и целосно втемелување во националните законодавства и ефикасно спроведување на директивата за европскиот систем за азилот, за да се осигураат заеднички стандарди предвидени со постојното законодавство, Европската комисија е чувар на европските договори и денешните 40 одлуки за покренувањето на постапките треба да обезбеди земјите членки да го спроведуваат она што е претходно договорено, а договорено е да се спроведе брзо и целосно. Нашиот заеднички европски систем за азил ќе функционира само доколку сите играат според правилата“, изјави на прес-конференцијата потпретседателот на ЕК, Франс Тимерманс.

Писмата со формалните предупредувања се првиот чекор во покренувањето постапка поради кршење на европското законодавство. Откако ќе биде примено ваквото писмо, земјата членка има два месеца рок да одговори. Доколку следи незадоволувачки одговор, Европската комисија испраќа образложено, кој е вториот чекор во постапката.

Откако земјата членка ќе го добие образложеното мислење, на располагање има два месеца за одговор на ЕК, во кој треба да извести за мерките коишто ги преземала за спроведување на директивата. Доколку тоа не го стори, Европската комисија може да му се обрати на Судот на Европската унија, кој може да наметне санкции за државата членка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП