10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвде не би сакале да се вработите: 10 градови во кои најмногу...

Овде не би сакале да се вработите: 10 градови во кои најмногу се работи

лл1

Лесно е на зборови на бидете вредни, но дали би го издржале ова? Еве ја листата со 10 градови во кои најмногу се работи.

1. Хонгконг

лл2

Ова е град во кој живеат највредните луѓе во светот, бидејќи годишно изработуваат 2606 работни часови. Според рекламата на една компанија сите работохоличари треба да се преселат во овој град, бидејќи таму просечно се работи по 50 часа неделно, а имаат само 17 дена годишен одмор.

За споредба, во Париз се работи само 1604 часа годишно.

2. Мумбаи

лл3

Еден од најнаселените градови во Индија е Мумбаи кој воедно е и највреден. Работниците во овој град годишно одработуваат по 2277 часа.

3. Мексико

лл1

 

Мексико според бројот на работни часа на годишно ниво (2261) е во рангот со Чикаго (2030) кој е највредниот град во САД.

4. Њу Делхи

лл5

Мумбаи не е единствениот индиски гран на оваа листа бидејќи тука се наоѓа и главниот град на Индија во кој годишно работниците работат по 2214 работни часа.

5. Бангкок

лл6

Секоја година жителите на Бангкок изработуваат 2191 работен час и добиваат само девет дена одмор. Но кога на нив ќе им се додадат и 16. државни празници, тоа воопшто не звучи лошо.

6. Дубаи

лл7

За разлика од Бангкок, во Дубаи добиваат 30 денови одмор плус државни празници, но тоа не ги спречува да на листата со работни часови да се запишат со вкупно 2186 работни часа.

7. Најроби

Работниците во кенискиот главен град имаат 22 дена одмор и 2184 работни часови.

8. Тајпеј

лл8

Нешто помалку вредни се жителите на главниот град на Тајван со 2164 работни часа.

9. Џакарта

лл9

Главниот град на Индонезија може да се пофали со најмалку денови годишен одмор – само 12 (само Пекинг, Шангај и Бангкок имаат помалку). Тогаш не претставува изненадување што одработуваат 2102 работни часови.

10. Богота

Во главниот град на Колумбија населението годишно работи по 2096 работни часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП