2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕАрапите "фарбаат" автомобили со злато!

Арапите “фарбаат” автомобили со злато!

zlaten-rover1

Една компанија која се занимава со дополнително уредување на автомобили, со седиште во Дубаи, пронајде нов начин како да се направи автомобил кој ќе се издвои од останатите, всушност тие само го покриле автомобилот со илјадници модерни и стари монети за да го направат да изгледа повеќе луксузен, и да сјае како да е направен од дијаманти.

Во Соединетите Арапски Емирати не е лесно да се постигнетоа, бидејќи претежно луѓето возат скапи автомобили, и повеќе не им е важно дали тоа е “Ферари”, “Lamborghini” и “Porsche”, туку напротив најважно им е да се “свети” и да биде уникатен.

zlaten-rover2

Опциите како златна фолија за покривање на возилото се веќе видени, па затоа една група на луѓе од една компанија се сетила тоа да го направи со монети. На интернет кружат фотографии од  најновата креација на “Range Rover”, кој е завиткан во 57.412 стари монети, на кој секоја монета е залепена рачно. Монетите, кои биле користени за замотување се стари драхми, па никој не би бил во искушение да ги краде. Ovo не е прв случај на вакво специфично украсување на возило, бидејќи во 2011 година еден “мерцедес” беше прекриен со 47 илјади парички – драхми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП