17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната забави, принудена од Кина

Еврозоната забави, принудена од Кина

264269712560289462bb50962160096_w640

Растот на деловните активности во еврозоната во септември забави, бидејќи падот на побарувачката од Азија ги принуди фабриките да го намалат производството и да вработат помалку работници.

Индексот за управување со набавките (ПМИ) на еврозоната, како клучно мерило за деловните активности, се намали во септември на 53,9 поени од 54,3 поени во август, пренесува агенцијата Франс прес, и додава дека и покрај тој пад, податоците и понатаму се над 50 поени, што означува раст на деловните активности во еврозоната, пренесува Ројтерс.

„Најновите податоци, исто така, укажуваат на стабилен раст на економијата на еврозоната на крајот на третиот квартал“, се наведува во соопштението на Маркит, од каде додаваат дека економскиот раст на еврозоната во третиот квартал изнесувал 0,4 проценти, што е еднакво на растот од вториот квартал.

„Септемвриските податоци за ПМИ укажуваат на стабилен раст на економијата на еврозоната, но останува загриженоста во поглед на неможноста растот да забрза на ниво кое е неопходно за зголемување на инфлацијата или зголемено отворање на работни места“, изјави шефот на Маркит, Крис Вилијамсон.

Индексот за управување со набавката (ПМИ) за преработувачкиот сектор на еврозоната во септември падна на 52,0 поени од претходните 52,3 поени, бидејќи темпото на раст на извозните нарачки забави, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП