4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД отвори нови откупни пунктови за диворастечки производи

УСАИД отвори нови откупни пунктови за диворастечки производи

usaid-said

УСАИД во соработка со Националниот парк Маврово и општината Маврово и Ростуше, во среда го прослави отворањето на новите откупни пунктови за диворастечки производи во Пилана и Јанче.

Вклучувајќи ги новите пунктови, во Националниот парк моментално функционираат три откупни пунктови.

Првиот, во Врбен, беше отворен во 2014 година. При подготовките за отворањето на пунктовите, УСАИД донираше опрема во вредност од 5.000 долари, одржа 12 обуки за да ги сертифицира локалните собирачи на диворастечки производи во методите на одржливото собирање и помогна на Националниот парк да изгради регулативна рамка за собирањето на диворастечки производи на неговата територија.

Џенифер Коноли, Директор на надзорната програмска канцеларија во УСАИД Македонија, ја објасни важноста на тоа да се ангажираат локални собирачи кои ќе работат со пунктовите и трудот кој е вложен во подготовката на теренот за отварањата.

„Обучивме и помогнавме да се сертифицираат повеќе од 450 собирачи во Маврово во практиките на одржливо собирање за да ги подготвиме за отворањето на пунктовите и да ги научиме како да ја заштитат својата локална животна средина“, рече Коноли.

УСАИД, преку својот Проект за експанзија на мали бизниси, ко-финансиран од Владата на Швајцарија, го поддржува растот на секторот за диворастечки производи уште од 2013 година. На целата територија на Македонија, повеќе од 1.500 собирачи на диворастечки растенија, шумски плодови и печурки се обучени и сертифицирани во одржливото собирање на овие производи. Со практикувањето на одржливо собирање, локалните популации ќе можат да ги користат придобивките од природните ресурси во Македонија уште за многу генерации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП