2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal ја намали производната цел поради ниските цени на нафтата

Total ја намали производната цел поради ниските цени на нафтата

total 3330

Втората најголема нафтена компанија во Европа, „Total“ ја намали производната цел за 2017-та година, откако објави дополнително намалување на инвестициите и одложување на проекти, се со цел да ја заштити дивидендата, соопштува „Bloomberg“.

„Total“ очекува да произведе 2,6 милиони барели нафта на ден, додека претходната прогноза беше од 2,8 милиони барели на ден, изјави компанијата пред одржувањето на средбата со инвеститорите во Лондон.

Новите проценки се знак дека големите нафтени компании планираат повеќе намалувања на трошоците во текот на следната година и 2017-та година, откако компаниите како „Chevron Corp.“ и „Royal Dutch Shell Plc.“ веќе најавија сериозно намалување на трошоците за 2015-та година.

„Ја подготвуваме групацијата за уште пониски цени на нафтата на долг рок“, рече главниот финансиски директор на „Total“, Патрик де ла Шевардиер пред новинарите во Лондон.

Според „Total“, новите мерки ќе и овозможат на компанијата да обезбеди дивиденда до 2017-та година од средствата генерирани од рударството, рафинирање и продажба на нафта, без да има потреба да зема кредит, дури и ако цените на нафтата се 60 долари за барел.

Француската групација ќе ги намали инвестициите во 2016-та година до 20-21 милијарди долари од 24 милијарди долари во оваа година и 28 милијарди долари во 2013-та година. „Total“ соопшти дека ќе вложи помеѓу 17 милијарди и 19 милијарди долари во 2017-та година, што е помалку од претходната цел од 20 милијарди долари.

Компанијата објави дека одлага проекти во Австралија, Норвешка и Италија и ќе го зголеми штедењето на трошоците од операциите за 50% до 2017-та година или до 3 милијарди долари, што е повеќе од претходно планираните 2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП