5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе се случи доколку најбогатиот во една земја стане „Робин Худ“?

Што ќе се случи доколку најбогатиот во една земја стане „Робин Худ“?

hud indeks1

Светот би бил едно подобро место, доколку најбогатите луѓе ги поделат своите пари со крајно сиромашните.

Индексот „Робин Худ“, составен од „Bloomberg“, покажа дека најмногу пари би добиле сиромашните во Кипар, Шведска и Тајван, а најмалку сиромашните во Кина, Нигерија и Индија.

Од вкупно 42 разгледани држави, само во четири од нив најбогатиот човек е жена. Тоа се Чиле, Холандија, Франција и Австралија.

Во САД, на пример, ако Бил Гејтс го сподели богатството од 84 милијарди долари, тие би биле доволни за 1736 долари на секој од најсиромашните 15% од населението. Најмалку ќе добијат во Индија, доколку Мукеш Амбани ги распредели своите 19.2 милијарди долари, тогаш секој сиромашен во земјата ќе добие по 59 долари, кои ќе бидат доволни за 118 основни јадења од 50 центи, или 35 рупии.

На чело во рангирањето се Кипар и Шведска, познати со високиот стандард на живеење, каде што секој на кој му е потребно ќе добие по 45.987 и 33.149 долари од најбогатите луѓе, односно Џон Фредриксен и Ингвар Кампрад. На врвот во ова рангирање се уште Тајван, Швајцарија и Австрија.

hud indeks2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП