26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард ги повикува кредиторите да отпишат дел од украинскиот долг

Лагард ги повикува кредиторите да отпишат дел од украинскиот долг

lagard-lagarrrrrdddd

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард ги повика кредиторите на Украина, како што се Русија и неколку западни инвестициски компании, на официјален Киев да му отпишат еден дел од огромниот долг.

„Големото учество на сите инвеститори во чија сопственост се (украинските) еврообврзници во претстојната замена на долгот е најважно, бидејќи на Украина и недостасуваат ресурси во рамките на програмата за сервисирање на долгот по оригинални услови. Заедно со украинските власти и ад-хок Комитетот на кредитори, ги повикувам сите кредитори да ја поддржат оваа понуда“, се наведува во соопштението на Лагард.

Нејзиното соопштение е објавено во момент на пристигнувањето на мисијата на ММФ во Киев, чија задача е проценка на украинската посветеност на реструктуирањето на економијата, како и спроведување на мерките за штедење во замена за добивање на нова транша од 17,5 милијарди долари тешкиот кредит, пренесува Франс прес.

Американската инвестициска компанија „Frаnklin Templeton“ и три други финансиски институции на крајот на август се договорија дека ќе ја намалат или одложат наплатата на украинскиот долг во вредност од 18 милијарди долари.

Официјална Москва, сепак, одби да разговара за поблаги услови за отплата на долгот на Украина кон Москва, пренесува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП