20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарскиот извоз опадна за 4,5 проценти

Швајцарскиот извоз опадна за 4,5 проценти

shvajcarija53v454gr

Извозот на стока и услуги од Швајцарија во август е намален за 4,5 проценти во однос на истиот месец минатата година, додека увозот потонал за 16,4 проценти, соопшти Сојузната царинска управа.

Вредноста на извозот во извештајниот месец изнесувала 14,2 милијарди франци, додека увозот изнесувал 11,4 милијарди, се додава во соопштението, пренесува швајцарскиот весник 20 минути.

Трговскиот суфицит изнесувал 2,9 милијарди франци, но ако се земе во предвид дека овогодинешниот август имал еден работен ден повеќе отколку во 2014 година, извозот покажува пад од 8,3 проценти, а увозот дури 19,6 проценти.

Сите извозни бранши во август бележат негативни трендови, со исклучок на прехрамбената индустрија и индустријата за пијалоци и цигари.

Во Европа извозот од Швајцарија во август се намалил за 8,0 проценти, а дури 29 проценти во Кина, додека продажбата на американскиот и латинскиот пазар била во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП