9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтфрлена истрагата против шефицата на ММФ

Отфрлена истрагата против шефицата на ММФ

lagard 333

Една година по покренувањето истрага, француското обвинителство го отфрли предметот против шефицата на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Кристин Лагард во врска со контроверзната арбитража за повеќе од 400 милиони евра што државата му ги исплатила на францускиот бизнисмен Бернард Тапие во 2008 година.

Главниот обвинител на Касациониот суд при Правосудниот суд на Републиката го отфрли предметот „Тапие“ против главната директорка на ММФ и ја проследи таквата препорака до судиите, изјави во вторникот извор близок до предметот.

Судот не ја потврди таа информација, а адвокатот на Кристин Лагард во Париз не ја прокоментира.

Доколку судиите на Правосудниот суд, единствената институција што смее да ги истражува членовите на француската влада за дела направени за време на вршењето на нивната должност, ја прифатат препораката за отфрлање на предметот, кривичното гонење на некогашната министерка за економија ќе биде прекинато.

Лагард беше испрашана на 27 август 2014 година заради „немар“ во таа афера, а судиите и префрлиле дека формално не ја оспорила арбитражата кога таа била објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП