18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајсилниот раст на реалните плати во Германија од 2008 година

Најсилниот раст на реалните плати во Германија од 2008 година

evra-evro-evra

Реалната плата во Германија во вториот квартал од годината се зголеми за 2,7 отсто во однос на истиот период лани, по најголема стапка од 2008 година, откако се собираат овие податоци, соопшти германскиот завод за статистика.

Номиналните плати во наведениот период бележат пораст на годишно ниво за 3,2 отсто. Притоа најизразен раст е во источна Германија и во категоријата слабо платени неквалификувани работи, покажува извештајот на Destatis.

Новообјавените податоци наведуваат на заклучок за значително влијание од воведувањето на миниалните плати во Германија од 8,50 евра по час од почетокот на годината, наведува Reuters.

Расот на реалните плати го поттикна и ниската инфлација, забележува Reuters. Во второто тромесечје според податоците на заводот за статистика потрошувачките цени во најголемата европска економија зголемени се за само 0,5 отсто, по стагнацијата во првиот квартал.

Три квартали по ред реалните плати во Германија растат по стапка поголема од два отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП