3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова локација на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Тетово

Нова локација на Корисничкиот Енерго Центар на ЕВН Македонија во Тетово

evn snabbt

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички Енерго Центар во Тетово за корисниците во овој регион.

Новиот објект кој се наоѓа на Булевар Илирија бб, е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено. За сите корисници е овозможен и полесен пристап до КЕЦ-от, со соодветен паркинг простор.

„Во последните години ЕВН Македонија воведе голем број на услуги со цел да им помогне на корисниците  навремено да ги добиват фактурите за електрична енергија, како и да ги плаќаат на брз и ефикасен начин преку соодветните банки, но и електронски без да чекаат ред во банка, пошта или во наплатните пунктови на ЕВН Македонија.  И покрај тоа,  постојат одредени услуги за кои нашите корисници мора да се обратат во КЕЦ-от. Новата локација на КЕЦ Тетово и новите простории треба да ги исполнат очекувањата на корисниците. Тие на ова место треба да се чуствуваат добредојдени“, изјави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер.

ЕВН Македонија во изминатите две години инвестираше повеќе од 5,3 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Тетово. Реконструирани или изградени се нови 80 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и  мрежа во должина над 80000 м.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП