4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесните изгледи за побарувачка ја стопираа цената на нафтата

Неизвесните изгледи за побарувачка ја стопираа цената на нафтата

nafta 94

Цената на нафтата се задржа денеска на светските берзи над ниво од 48 долари со оглед дека инвеститорите не се сигурни дали светската побарувачка ќе биде доволно силна да го апсорбира вишокот во снабдувањето.

На лондонската берза цената на барелот за испорака во ноември падна за 68 центи или за 1,4 отсто во однос на претходното затворање и изнесуваше 48,24 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус за 3,1 отсто. На американската берза со барелот се тргува по 1,17 долари пониска цена, од 45,79 долари. Вчера тргувањето го заврши во плус од 4,5 отсто.

Силни осцилации на нафтените пазари се главна карактеристика оваа недела. Така вчера цената скокна под влијание на сигналите за намалување на американските залихи и производство од шкрилци. Денеска повторно цените тргнаа во надолна линија бидејќи фокусот одново се пренасочи кон неизвесните изгледи за побарувачката во прв ред на Кина.

„Секако дека ништо не е сигурно. Само тоа можеме со сигурност да го кажеме. Се чини дека ниските цени конечно почнаа да го земаат данокот на американското производство“, вели Томас Пју од Capital Economics.

Сигналите за намалено американско производство, пред се во помалиот број на активни ископини, ја поттикнаа Меѓународната агенција за енергетика (IEA) за следната година да најави можно намалување на производството на нафта за половина милион барел дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП