2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканска компанија покачила цена на лек за 5000 отсто

Американска компанија покачила цена на лек за 5000 отсто

turipara

Претседателот на американската компанија Turing Pharmaceuticals денеска пред јавноста ја бранеше одлуката на управата на компанијата да ја зголеми цената на лекот Daraprim за 5000 отсто, откако оваа фармацевтска компанија ги откупи правата на лекот, пишува BBC.

Daraprim е на пазарот од 1953 година, односно 62 години, а се користи при лечење на токсоплазмоза, болест предизвикана од паразит што ги напаѓа лицата со ослабен имунитет, како заболените од ХИВ, од рак или трудниците. Се користи во лекување на маларија. Цената на пакувањето до неодамна беше 13,5 долари, а по одлуката на Turing Pharmaceuticals ќе изнесува 750 долари.

Директорот на компанијата Мартин Шкрели објасни дека компанијата парите од продажбата ќе ги искористи за нови истражувања, кои одамна се занемарени. Наводно ќе вложи и во маркетинг и едукација за да се подигне свеста за разните болести. Појасни дека производството на една пилула Daraprim чини еден долар, но во тоа, според неговите зборови, не се вклучени разни трошоци за производство, маркетинг, дистрибуција, кои, како што истакна, последните години значително се покачиле.

„Мораме да имаме и некаква заработка од овој лек“, рече Шкрели за телевизијата Блумберг. „Модерните лекови денеска чинат и до 100.000 долари, а често и околу половина милион долари. Daraprim-от, во однос со нив, е многу потценет“, рече Шкрели.

Тој на својот Twitter профил исмеја неколку корисници кои поставија прашање околу оправданоста на одлуката на компанијата, а еден новинар дури го нарекол и „глупак и лош новинар кој не ги проверува фактите“.

Американското здружение за инфективни болести, Здружението на заболени од ХИВ и уште некои други напишале отворено писмо до Turing, повикувајќи ја управата да ја разгледа својата одлука.

„Нова цена на лекот е целосно неоправдана кога станува збор за пациентите на кои лекот им е неопходно потребен, а спаѓаат во социјално загрозената група. Истовремено е неодржлива и за здравствениот систем“, се вели во отвореното писмо.

Кандидатката на Демократската партија за претседател на САД Хилари Клинтон зголемувањето на цената го нарече „претерано“, ветувајќи дека ќе се ангажира на решавање на овој проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП