25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбуки за дефицитарни занимања за 300 невработени

Обуки за дефицитарни занимања за 300 невработени

obuki 333

Триста невработени лица од среда ќе може да аплицираат за обуки за дефицитарни занимања, како аргон заварувач, монтажер на соларни панели, ракувач со виљушкар и слично, со цел полесно да најдат работа на пазарот на труд.

„Приватните компании имаат потреба од обучен и квалификуван кадар, од работници кои ги познаваат вештините и знаењата ко се побарувани на пазарот на труд. Во соработка со Агенцијата за вработување нудиме можност за 300 невработени лица да посетат една од обуките во приватните компании кои имаат сертифицирано програми за обука, да се стекнат со дополнителни вештини, да ја зголемат својата шанса за вработување. За реализација на оваа мерка се обезбедени околу 15 милиони денари, очекуваме на јавниот повик да се пријават поголм број на невработени лица и да се стекнат со обуки како што се агрон заварувач, фасадер, монтажер на соларни панели, ракувач со дигалка и со виљушкар и низа останати обуки кои што ќе бидат дел од огласот кој ќе го објавиме во текот на утрешниот ден“, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на компанијата „Техногума“ каде се спроведуваат вакви обуки.

Директорот на АМВР Влатко Поповски смета дека ваквиот тип на обуки во кои невработените се обучуваат директно во работна средина се можност тие да се стекнат со работни навики и да работат со софистицирани машини.

„Ние утре го објавуваме третиот оглас за дефицитарни занимања. На првиот имавме 180, на вториот 220 и сега 300 невработени лица за обуки за некоја од побаруваните вештини“, истакна Поповски.

Компанијата што ја посетија Спасов и Поповски изработува производи од гума, а е една од 20-те кои до сега регистрира посебна сертифицирана програма за обука на невработени лица, каде има шест лица кои посетуваат неколку месечна обука за побарувани занимања на пазарот на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП