среда, 1 февруари 2023
ПочетнаАВТОБИЗМекларен го подготвува П13

Мекларен го подготвува П13

meklaren

Британскиот производител на автомобили, Мекларен моментално работи на нов автомобил кој ќе ја има ознаката П13 и со овој модел е предвидено да се прошири производната понуда.

Според информациите П13 ќе биде двосед, а неговиот изглед ќе биде сличен на неодамна прикажаниот П1, па така да може да очекуваме многу криви површини, ЛЕД ленти и активни аеро-елементи.

Од Мекларен не објавија повеќе детали за самиот автомобил, а уште помалку за моторот кој ќе биде користен во возилото. Се верува дека ќе биде искористена ослабената верзија на 12Ц твин-турбо В8 агрегатот.

Се очекува цената да биде околку 150.000 евра и е многу изненадувачки за разлика од многу поскапите модели, па така нема да претставува опасност за 230.000 евра вредниот МП4-12Ц.

Судејќи по претходните изјави од Мекларен, компанијата има план секоја година да претставуваат по еден модел, па така по П1 најверојатно П13 ќе биде пуштен во продажба во текот на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП