17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок на рударскиот сектор

Европските берзи под притисок на рударскиот сектор

berza frankfurt

Цените на акциите на европските берзи денеска ја загубија добивката од претходниот ден, а под најголем притисок се најде рударскиот сектор поради остриот пад на цената на металот.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.30 часот беше во минус 1,6 отсто, на 1.388 поени, откако вчера порасна за 1 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во минус 1,90 отсто, на 5.992 поени, додека франкфуртски DAX се намали за 1,80 отсто, на 9.770 поени, а париски CAC 2,40 отсто, на 4.474 поени.

Најмногу за 4 отсто потона STOXX Europe 600, индексот на рударскито сектор, при што цените на акциите на Rio Tinto, Glencore, BHP Billiton, Anglo American и Antofagasta паднаа од 3,8 до 9,6 отсто.

Ова е последица на падот на цените на индустриските метали, како тоа се бакарот и алуминиумот, поради стравувањето на инвеститорите од намалување на побарувачката, со оглед на забавување на растот на глобалната економија.

„Продолжува негативниот тренд за рударските компании поради несигурноста во земјите во развој. Некои од наведените компании веќе ги смалија проценките за резултатите од работењето“, вели Кристијан Стокер, стратег во банката UniCredit.

Mеѓу најголемите губитници и денеска е акцијата на Volkwagen, која е под притисок од вчера бидејќи на германскиот производител на автомобили во САД му се заканува казна од 18 милијарди долари поради обвинување дека во негови возила погрешно прикажуваат штетни емисии на гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП