29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонските винарии ќе се промовираат на саем за вино во Германија

Македонските винарии ќе се промовираат на саем за вино во Германија

vinarii-saem

Девет винарии од Република Македонија учествуваат на саемот за вино Провајн во Дизелдорф, Германија.

Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Дудин и Попова Кула на македонскиот национален штанд ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет.

Провајн, што се одржува од 24 до 26 овој месец, е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа каде своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот. Секоја година манифестацијата ја посетуваат 37.000 луѓе од целиот свет.

Учеството на македонските визби го организира здружението „Вина од Македонија“ кое продолжува со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП