21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд Фондот за иновации на располагање 1,3 милиони евра

Од Фондот за иновации на располагање 1,3 милиони евра

peso

Компаниите може да аплицираат на вториот повик за финансирање предлог проекти што Фондот за иновации го објави во понеделник, а каде во буџетот има на располагање 1.300.000 евра обезбедени со софинансирани грантови за проекти на компаниите.

Заинтересираните компании може да аплицираат до 21-ви октомври, информира вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Софинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт-ап и спин-оф компании ќе се доделуваат до 30.000 евра по проект, а вкупниот буџет за тој инструмент изнесува 300.000 евра. До 100.000 евра по проект ќе се доделуваат софинансирани грантови и условни заеми за комерцијализација на иновации, за што на располагање се 600.000 евра. Софинансирани грантови за трансфер на технологии Фондот за иновации ќе додели до 200.000 евра по проект. Вкупниот буџет по тој основ изнесува 400.000 евра.

Разликата од првиот повик кој беше отворен за старт ап претпријатијата кои постојат најмногу до шест години, според Пешевски, е тоа што на овој повик има можност да аплицираат и позрели претпријатија бидејќи преку инструментот за комерцијализација на иновации се финансираат поголеми проекти во понапредна фаза.

„Акцент на соработката има и кај инструментот за трансфер на технологии, каде се охрабрува секториски пристап и здружен настап на микро, мали и средни претпријатија со цел поголем импакт врз секторот и економијата во целост. Со овој инструмент поддршката е насочена кон имплементација на технолошки подобрувања, но и стандардизација и сертификација на претпријатијата со цел поголема конкурентност на претпријатијата надвор од Макеоднија“, рече Пешевски.

Јасмина Поповска, директорка на Фондот за иновации и технолошки развој, рече дека условите кај старт ап инструментот и инструментот за комерцијализација на иновации се слични, а за двата инструменти ќе се оценува иновативноста, тимот кој ќе го имплементира проектот, квалитетот на предлог апликацијата и секако влијанието што ќе го имаат врз околината и бизнисот.

Со првиот повик објавен од Фондот за иновации и технолошки развој без избрани 16 старт ап и спин оф претпријатија, кои веќе работат на развој на иновативни проекти. За нив беа обезбедени 460.000 евра од Фондот. Најголем дел од апликациите и проектите што се финасираа досега беа од ИТ индустријата, но Фондот финансира проекти од кој било сектор и индустриска гранка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП