25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје со велосипедско дефиле го одбележа Денот без автомобили

Скопје со велосипедско дефиле го одбележа Денот без автомобили

velosipedisti

Велосипедско дефиле од неколку илјади велосипедисти се одржа во вторник во Скопје, со што се одбележа Европскиот ден без автомобили, а учесниците возеа по патека долга околу 10 километри, од центарот на гредот, преку Порта Влае до парк.

„Целта на ова дефиле е да се подигне јавната свест кај граѓаните за користење на велосипедот како превозно средство, а исто така да се подигне свеста и на другите учесници во сообраќајот, пред се на моторизираните возила да имаат почитување кон велосипедистите“, истакна градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој учествуваше во дефилето.

Тој потсети дека Градот Скопје го реализира тригодишниот план за изградба на велосипедски патеки во Скопје, а три компании работат на изработка на првата фаза за изработката на патеките.

Заменик министерот за животна средина Стево Темелковски рече дека годинава во Македонија на Денот без автомобили учествуваат 15 градови односно 1.700 градови во Европа во вкупно 42 држави.

„Не само денеска, туку во текот на сите 365 дена од годината треба да сме свесни дека автомобилите треба да се користат одговорно, дека треба да го правиме вистинскиот избор на начинот на транспорт и дека треба да ги користиме предностите на современиот урбан начин на живеење водејќи сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме“, рече Темелковски.

Според него, ако секој од нас тргне од самиот себе, со менување на некои секојдневни навики и со правење на вистинскиот избор, резултатот ќе стане видлив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП