
Реновираната училишна зграда на Општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во општина Студеничани, денес беше пуштена во употреба.


Реновираната училишна зграда на Општинското основно училиште „Наим Фрашери“ во општина Студеничани, денес беше пуштена во употреба.
„Ова училиште е уште еден успешен пример дека соработката меѓу училиштето, родителите и учениците функционираат беспрекорно. Тие си помагаат во учењето, се дружат и во училишниот двор и надвор од него. Ние како држава успеавме со пренесување на позитивните искуства врз најмладите генерации, да изградиме земја, во која меѓуетничките осноси и мултикултурализмот се почитуваат и се еден од приоритетите кои децата ги учат на училиште и по кои се воспитуваат дома од страна на родителите, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, додавајќи дека заедно со УСАИД, се работи на проекти за подобрување на образовната инфраструктура.