23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопирана процедурата за преземање на кипарските банки во Грција

Стопирана процедурата за преземање на кипарските банки во Грција

20130322-203921.jpg

Процедурата за преземање на филијали на кипарските банки во Грција е стопирана, јавија грчките медиуми.

Наредбата за стопирање, според медиумите, ја дал кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој нагласил дека прашањето за продажба на филијалите на кипарските банки во Грција се разгледува во пакетот мерки, предвидени со антикризниот план за Кипар, одобрен синоќа од Еврогрупата.

Планот предвидува ликвидација на втората по големина банка, Народната банка и преструктуирање на најголемата финансиска институција во земјата – Банката на Кипар. Овие две банки, заедно со многу помалата Грчка банка, имаат повеќе филијали на грчка територија.

Во петокот беше соопштено дека Пиреус банк, трета по големина трговска банка во Грција ќе ги преземе филијалите на кипарските банки во Грција – односно на Банката на Кипар и Народната банка.

Грчкиот фонд за финансиска стабилност, објави дека ја избрал Пиреус банк по спогодбата со Никозија за спас на филијалите на кипарските банки во Грција.

Банката на Кипар и Народната банка во Грција имаат над 300 филијали, во кои работат околу пет илјади лица. Филијалите на овие банки располагаат со капитали, вредни околу 13 милијарди евра, а кредитите кои ги доделиле се проценуваат на 20 милијарди евра. 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП