2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради истрага намалена пазарната вредност на VW за 14 милијарди евра

Поради истрага намалена пазарната вредност на VW за 14 милијарди евра

168902492255fffcf6ccb52180196932_w640

Јужнокорејските власти најавија покренување на истрага на неколку модели на дизел возила на Volkswagen (VW) поради погрешно прикажување на штетните емисии, поради што цената на акцијата падна за дополнителни 3 отсто откако во понеделникот пазарната вредност на германската компанија се намали за 14 милијарди евра.

Јужнокорејските власти објавија дека ќе тестираат 5.000 возила на VW од марките џета и голф, како и ауди Audi A3 произведени во 2014 и 2015 година. Истрагата ќе биде проширена на сите германски дизел возила доколку бидат пронајдени проблеми.

Откако американските регулатори открија дека одредени возила на VW можеби погрешно ја искажуваат емисијата на штетни гасови, цената на акцијата на германскиот производител на автомобили во понеделникот падна за речиси 20 отсто, по што пазарната вредност и се намали за 14 милијарди евра. Во вторникот на европските берзи цената на акцијата дополнително падна за 3 отсто.

Американската агенција за заштита на околината (EPA) утврди дека софтверот во неколку дизел автомобили на Volkswagen дава погрешни податоци, а компанијата веднаш наложи да се повлечат половина милиони автомобили во САД.

Покрај загубите поради повлекување на возила, VW во САД би можела да биде казнета со милијарди долари, а би можела да биде подигната и казнена пријава против раководството на компанијата.

Извршниот директор на Volkswagen, Мартин Винтеркорн се извини во понеделникот за скандалот и рече дека ќе ја поддржат истрагата на гермнаското минситерство за сообраќај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП