2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxel Springer го купува Business Insider?

Axel Springer го купува Business Insider?

axel-springer-SE-630x353

Германскиот издавач „Axel Springer“ има намера да го купи американскиот портал „Business Insider“ (BI) и тоа за сума од половина милијарда евра, пишува „Bloomberg Business“, повикувајќи се на информациите од интернет страната „Re/Code“.

„Business Insider“, кој е основан од страна на поранешниот „Wall Street“ аналитичар Хенри Блодгет, во 2013-та година имал приходи од 20 милиони долари, додека следната година истите се зголемени за 70 отсто. „Axel Springer“ на почетокот на годината ја предводеше групата на инвеститори кои купија помал дел на акции во „BI“ за 25 милиони долари, а новата аквизиција се очекува во наредните недели.

Германската компанија се фокусира во последните години на „онлајн“ медиумите, па во јули се обиде да го купи „Financial Times“, во 2014-та направија европска верзија на страната „Polico.com“, инвестираа во веб-магазинот „Ozy“, a во истата година купија и 20 отсто акции од француски „Qwant“. Година претходно лансираа „онлајн“ верзија на најголемиот германски весник „Bild“.

Неодамна го продадоа својот удел во руските медиуми со цел да се усогласат со новиот закон.

„Business Insider“ кој е основан во 2007-ма година има меѓународни изданија во Велика Британија, Австралија и Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП