28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит на почетокот на неделата

Раст на Волстрит на почетокот на неделата

rast-volstrit

Цените на акциите пораснаа во понеделникот, најмногу во финансискиот сектор, додека падот во биотехнолошкиот сектор го ублажи успонот на индексите.

Dow Jones порасна 125 поени, или 0,77 отсто, на 16.510 поени, додека S&P 500 зајакна 0,46 отсто, на 1.966 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,04 отсто, на 4.828 поени.

Девет од десет сектори на S&P 500 индексот вчера добија на вредноста, а најмногу за 1,1 отсто пораснаа цените на акциите во финансискиот сектор.

Со ова берзата закрепна малку од остриот пад во петокот, откако американската централна банка го одложи зголемувањето на клучните каматни стапки поради несигурност во врска со светската економија.

И покрај растот на индексот, тргувањето е несигурно, поради што индексите дел од тргувањето го минаа на граница меѓу позитивно и негативно подрачје.

„Цените на акциите скокнаа во распродажбите во петокот. Но, инвеститорите и натаму се несигурни по пораките на Фед“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во фондот BB&T Wealth Management.

Фед минатиот четврток порача дека несигурноста по прашањето на развојот на ситуацијата во глобалната економија е една од причините за одлагање на зголемувањето на каматите во САД.

Фед ги остави каматите непроменети на рекордно ниско ниво од околу нула отсто и поради нестабилноста на финансиските пазари и ниската инфлација.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,08 отсто, на 6.108, додека франкфуртски DAX порасна 0,33 отсто, на 9.948 поени, а париски CAC за 1,09 отсто, на 4.585 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП